Карло Анчелоти, и неговиот смешен перформанс на прославата на титулата (Видео)

904

Баерн Минхен ја обезбеди шампионската титула уште при крајот на претходниот месец, а пред некој ден и официјално го добија својот нов пехар, вкупно 27 во своето клупско постоење во Бундеслигата.

На плоштадот во Минхен се славеше титулата, и како што се очекува по секоја прослава, микрофонот доаѓа до тренерот, кој заедно со навивачите пее некоја од химните на клубот, но Анчелоти овој пат беше исклучок.

Освен што тој не запеа на германски јазик, тој пееше некоја од италијанските песни, што беше доста симпатично за навивачите.

Но фановите на Баерн знаеа да се пошегуваат по славеничката манифестација, дека знаат што по завршување на тренерската кариера, што нема да работи Карло Анчелоти, алудирајки на тоа дека е лош пеач, но добар тренер.