Кари: Добро е што се повредив!

441

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, е во добро расположение откако се утврди дека неговата повреда на скочниот зглоб не е така сериозна како првенствено се мислеше.

Подобро е тоа што се случи сега а не подоцна во сезоната. Тоа и мене ќе ми даде време да се опоравам и да бидам здрав, а и тимот да го пронајде вистинскиот континуитет. Долгорочно, ова е добро за нас“.

Кари признава дека не би требало да ја брка украдената топка во мечот кој веќе беше одлучен, а токму таму се повреди. Иако има историја на проблеми со скочниот зглоб, Кари навистина гледа од ведрата страна.

Тимски гледано, ова е најдоброто сценарио. Не знаев колку е сериозна повредата, но резултатите дојдоа и тоа е добра вест. Ќе одам на рехабилитација и ќе бидам подготвен за подоцна“, истакна Кари.