Карабатиќ изгуби од Вардар и сега сите му се виновни

6741

Еден од најдобрите ракометари во историјата Никола Карабатиќ и четири дена по финалето од Лигата на шампионите против Вардар не може да се помири со поразот.

Синоќа ПСЖ ја одбрани титулата во домашното првенство, но Карабатиќ повторно се осврна на тоа фамозно финале. Сега не му се допаѓа системот на натпреварување на завршниот турнир во Келн и побара промени.

“Во два дена се играат премногу важни натпревари и мислам дека треба распоредот малку да се растовари. Потребен е барем еден ден одмор бидејќи нема време телото да се консолидира”, изјави Карабатиќ.

Чудно е како на Французинот сега му пречи распоредот на завршниот турнир ако се знае дека така се играше и пред две години кога тој како член на Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите.