Капитенот Ѓорѓиев уверува: Тука не е крајот за нас, одиме на златото

1332

Трета година по ред, македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во финалето од Европската лига.

Претходните две сезони загубивме од Естонија и Словенија со по 0-3, а вечерва противник ќе ни биде Украина. Со максимални седум победи во досегашниот дел од натпреварувањето, Македонија сигурно е фаворит во финалето, но за тоа ќе ни треба игра каква што прикажувавме претходно.

Капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев е уверен во успех во финалниот меч.

“Во првите два сета против Данска бевме заспани, но мора да се признае и дека противникот играше одлично. Се разбудивме во третиот сет и покажавме игра како во досегашниот дел од Европската лига. Среќен сум за мојот тим, ова не е крајот за нас. Одиме на златото против Украина”, изјави Ѓорѓиев.

Финалниот меч се игра вечерва во 19 часот, а победа ќе ја однесе Македонија во Светската лига.