Капитенот Ѓорѓиев реален: Не бевме ментално подготвени за финалето

547

Трета година по ред, одбојкарската репрезентација на Македонија завршува како второпласирана во Европската и не успева да го направи клучниот чекор кон Светската лига.

Пред две години Словенија беше непремостлива пречка, лани Естонија, а синоќа Украина. Нашите херои загубија со 1-3 и повторно мораа да се задоволат со второто место на континенталното натпреварување. Иако на сите ни е жал за новата пропуштена шанса, капитенот Никола Ѓорѓиев е реален во своите изјави.

“Ментално, не бевме доволно подготвени за финалето. Трета година по ред сме второпласирани, па логичен заклучок е дека не сме напредувале доволно за да го освоиме златото. И честитам на Украина за успехот”, изјави Ѓорѓиев.

Поразот во синоќешното финале беше единствен за македонската репрезентација во годинашното издание од Европската лига. До него, нашите одбојкари стигнаа со седум победи во низа.