Како погоден со снајпер: Цел свет се смее на потегот на Каземиро (ВИДЕО)

4307

Деле Али постигна два гола, Роналдо ја продолжи низата во Лигата на шампионите, но сите вечерва зборуваат за бразилскиот репрезентативец Каземиро.

Причина е неговиот обид за глума во првото полувреме од натпреварот со Тотенхем. Играчот од средниот ред беше малку повлечен од Хари Винкс, но излезе смешен во обидот да извлече прекршок паѓајќи како да е погоден со снајпер иако е впечаток дека можеше да ја продолжи акцијата.