Како во НБА – Пелистер го победи Шкупи, а еден играч даде пола од поените

1490

Вечерва во рамки на четвртиот меч од 1. коло во новата сезона од Првата кошаркарска  лига за мажи, силите ги одмерија Пелистер и Шкупи, екипите кои го фатија последниот воз со проширување на лигата.

Во доста ефикасен меч, победата остана кај домашните кошаркари на Пелистер кои го совладаа тимот од Чаир со 80-73.

Сепак централна фигура на овој меч беше домашниот кошаркар, ветеранот Ѓорги Анакиевски кој ги даде речиси пола од поените на домаќинот, точно 39 поени. Притоа поентираше со висока прецизност сооглед дека промаши само еднаш ( 9/9 за два поени, 5/6 за три поени и 6/6 од линијата за слободни фрлања).