Каков шок: По 13 години и 58 натпревари, на Јунајтед му се случува ова!

3191

Натпреварот на Манчестер Јунајтед против Дерби во третото коло од ФА купот нема да биде пренесуван на телезиција откако Би-Би-Си и БТ Спорт одбија да вршат пренос од него.

Последен пат вакво нешто на Јунајтед му се случило во јануари 2005 година кога за противник го имаше Ексетер и пред своите навивачи одигра без голови. Оттогаш сите натпревари на Манчестер Јунајтед во рамките на ФА Купот беа пренесувани во живо, на задоволство на милионите фанови низ светот.

Интересно е тоа што двете телевизии одлучија да направат преноси од далеку помалку атрактивни натпревари како оние на Њупорт и Лидс, Флитвуд/Херефорд и Лестер или Шрусбери и Вест Хем.