Каква приказна: Ја излажал жената дека оди по цигари, а го препознала на ТВ во Русија

697

Многумина не ја разбираат навивачката страст, но тоа е еден вид на љубов и религија, за оние кои се до темел верни на своите клубови.

Таков е случајот со навивач на Мексико по име Артуро Гарсија, кој на неверојатен начин ја „изработил“ сопругата, која не се согласувала со тоа дека треба да оди во Русија да ја следи својата репрезентација во Купот на конфедерации.

Тој дури и рекол на сопругата дека едно попладне ќе оди по цигари и дека таа ноќ ќе биде со своето омилено друштво. Но приказната била нешто поинаква.

Тој веднаш по бекството, заминал за Русија да ја следи својата репрезентација, а по завршување на турнирот во Русија, Гарсија ја раскажа својата приказна.

И реков на жената дека ќе одам по цигари и дека ќе одам до град со друштвото цела вечер. Се ми беше претходно смислено, побегнав, и веднаш на аеродром за Русија“.

Свесно ризикував дека сериозно ќе ја налутам, но знам дека нема да ме пуштеше да одам во Русија. Сепак, тоа се многу пари и долг пат, но што да ви кажам, не можам да си помогнам, овие работи ги сакам“, објаснува Артуро Гарсија кој по потекло е од Монтереј.

Овој страсен навивач подоцна во медиумите признал дека сопругата му рекла дека го препознала на ТВ веднаш следниот ден кога Мексико го одиграл првиот натпревар.