Каде тера овој МЗТ Скопје, тоне ли тоне во амбисот по поразот и од Мега Бемакс

331

Македонскиот кошаркарски првак продолжува се подлабока да тоне кон амбисот откако вечерва го забележа третиот последователн пораз, а воедно и трет во АБА лигата.

Аеродромци пред домашна публика беа комплетно надиграни и поразени од младиот тим на Мега Бемакс кој славеш во Скопје со резултат од 76-92. Катастрофата на „штрковите“ гостите ја најавија уште по воведните 10 минути кои го добија со убедливи  14-32.

Во продолжение од мечот Мега Бемакс немаше проблеми, иако МЗТ Скопје се обиде со солидното второ полувреме да го поправи впечатокот, но не и да го избегне новиот пораз.

 Трајковски со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, додека Спасојевиќ даде 12 поени. Во редовите на Мега Бемакс најмногу се истакна Ребиќ со 22 поени.