И рекол на жената дека ќе оди да купи цигари, па отпатувал 11.600 километри за да ја бодри репрезентацијата!

822

Артуро Гарсија од Мексико е вистинска сензација бидејќи ја излажал својата жена дека излегол да купи цигари, а всушност завршил во Русија за да ја гледа репрезентацијата на Купот на конфедерациите.

Гарсија е од градот Монтереј, а на мечевите од Купот на конфедерациите носел традиционална мексиканска носија и го бодрел Мексико на сите натпревари. Неговата сопруга го видела дури на телевизискиот екран, а не ни знаела дека тој отишол во Русија.

„И реков дека ќе одам по цигари дека малку подолго ќе се задржам со друштвото. Се испланирав и подготвив однапред, побегнав на аеродромот и правец Русија“, изјави Артуро и додаде:

„Свесно ризикував дека ќе се налути, знам дека не би ме пуштила да одам. Сепак е тоа далечен пат и потребни се многу пари, но што да правам кога го сакам сето ова“.

Тој се вратил дома откако Мексико во полуфиналето е поразен од Германија со 4:1.