И големите плачат пред своите најблиски: Федерер неможеше да ги задржи солзите (Видео)

4610

Роџер Федерер денеска по освојувањето на 19 Грен слем трофеј во кариерата, неможеше да ги задржи солзите, пред неговите најблиски, кои беа на трибини, неколку метри од него.

Федерер го доби во убедлив натпревар Марин Чилиќ, за кого Федерер истакна дека е херој во неговите очи, а на трибини беа сите четири деца кои Роџер ги има со Мирка.

Но кога Федерер ги виде на трибини по триумфот, неможеше да ги задржи солзите во тој момент. Тој секој трофеј го доживува емотивно, но како неговата кариера се ближи кон крајот, така кај него емоциите се посилни.