Италија тешко победи, но „лавиците“ македонски не се предадоа, иако загубија (52:61)

240

На почеток од квалификациите за пласман на идниот Евробаскет 2019 godina, кошаркарките на Македонија загубија од селекцијата на Италија во Спортскиот центар Јане Сандански (52:61).

Сигурно Италија беше помоќната и подоминантна селекција на паркетот, но избраничките на Лазовски не се предадоа предвреме и пружија доста солиден отпор, па не се посрамотија, иако загубија.

Првата четвртина беше за гостинките (14:19), втората исто така (11:14), единствено македонските кошаркарки го добија третиот дел (13:11), па повторно загубија во последните 10 минути (14:17) за конечни 52:61.