Италијаните го запукаа Роси на Твитер: Vergogna – Срам за „докторот“ поради малото детенце (Видео)

2840

Како Формула 1, така викендов почна и новата сезона во кралската Мото ГП класа, по 69 пат во нејзината историја.

Првата трка се возеше во Катар, а победник беше Маверик Винјалес, кој за прв пат триумфира со новата екипа (Јамаха). Дека трката беше неизвесна до самиот финиш, докажува и малата разлика со која Вињалес заврши пред второпласираниот Довициозо, а третото скалило беше резервирано за „докторот“ Валентино Роси.

Но „докторот“ на овој ГП викенд, разочара едно мало детенце веројатно негов навивач, кој успеа да се протне во масата луѓе, се со една цел, да му побара автограм на Италијанецот, кој го виде малото момче, но одби во гужва да му потпише, што сигурно ќе биде разочарувачки момент за ова мало момче.