Исчезнување од ракометната мапа во Европа: На Колдинг му виси банкрот!

1182

Данскиот ракометен клуб Колдинг, е пред целосно згаснување и исчезнување од ракометната мапа во Европа.

Тоа се должи на лошото работење на клубот, а посебно приказна е што ракометарите на тој клуб веќе неколку месеци не се солвентни, односно клубот не им ги подмирува финансиските побарувања.

Според информациите кои доаѓаат од Данска, реална опција е да се прогласи банкрот и целосно да згасне овој клуб, кој пред неколку сезони се фузираше и се спои во едно со ракометниот клуб Копенхаген.

Доколку згасне овој познат европски клуб, тоа само ќе покаже колку и во ракометот вложувањата мора да бидат капитални, инаку во спротивно се ќе тргне во лош правец за клубот.