Историја за Македонија: Лина Ѓорческа со прва победа на Гренд слем турнир!

1397

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа дојде до историска победа за себе и македонскиот тенис откако триумфираше во првото квалификациско коло на Австралија Опен.

Лина Ѓорческа, која е на 206. место на ВТА листата, стана првата македонска тенисерка со триумф на еден Гренд слем турнир, откако во квалификациите на Австралија Опен ја совлада американската тенисерка Саша Викери (137. место) со 2:1 во сетови.

Нашата најдобра тенисерка беше подобра на стартот од мечот. Првиот сет го доби со убедливи 6:2, додека во вториот сет и покрај водството од 3:1, и дозволи на противничката да направи пресврт и загуби со 3:6. Сепак, тоа не влијаеше на нејзината психа, па Ѓорческа повторно со доминантна игра славеше во третиот сет со 6:3.

Лина Ѓорческа мечот го заврши со 11 аса и вкупно освоени 99 поени. Притоа имаше успешност од 70 проценти на прв сервис.

Во второто коло Ѓорческа ќе се соочи со унгарската тенисерка Далма Галфи која е рангирата на 160. местото на ВТА листата.