Историја во рударскиот град: Пробиштип ВА првпат во финалето од одбојкарското првенство

1270

Екипата на Пробиштип ВА ќе игра во финалето од плеј офот во машкото одбојкарско првенство, првпат во својата историја.

Тоа стана јасно по вториот триумф во полуфиналната серија против Борец во Велес со 0-3 (24-26, 23-25, 27-29). Самиот резултат по сетови доволно зборува за тоа колку бил неизвесен вториот меч, но победата на Пробиштип ВА, сепак, е чиста и сосема заслужена. Со идентичен резултат, овој тим славеше и на домашен терен во првиот натпревар.

Противник на Пробиштип ВА во финалето ќе биде Струмица, која во полуфиналето со две победи го елиминира Лешок.

loading...