Историја во Германија: Понежната половина на Хауард Веб ќе суди во Бундеслигата

1724

Бундес лигата денеска ја потврди информацијата дека од новата сезона, во судискиот кадар ќе имаат и жена, која ќе стартува со натпреварите од август.

Порано беше најавувано дека во Европа, во петте најсилни фудбалски лиги ќе има жени кои ќе делат правда, а тоа сигурно први ќе го имплементираат Германците, станува збор за 38. годишнат Бибијана Штајнхаус.

Интересно е тоа што оваа жена по професија е полицајка, а сега ќе биде арбитар на повеќе натпревари од новата сезона во Бундес лигата.

Но најинтересно од се е тоа што оваа жена, е во врска со доскорашниот тренер од Англија, Хауард Веб, кој исто така по професија е полицаец, и повеќе сезони беше еден од најдобрите арбитри во Англија и Европа.