ИСТОРИЈА: Вардар го освои првиот бод во Лигата Европа

141

Дебитантското издание во Лигата Европа, сепак, не е тотален дебакл за екипата на Вардар.

Македонскиот првак одигра нерешено (1-1) против Розенборг во последното коло од групната фаза и го освои првиот бод во историјата во ова натпреварување. Можеби подеднакво важно е тоа што “црвено-црните” не го израмнија црниот рекорд во Лигата Европа по бројот на примени голови бидејќи тој изнесува 21, а тие примија 20.

Можеби Вардар имаше сила за нешто повеќе од само еден бод во овој последен дуел. Одлично го почна натпреварот и во деветтата минута го отвори резултатот преку Итало. Муслиу испрати една длабинска топка, Николов спушти до Итало, а Бразилецот рутинирано ја испрати во мрежата.

Вардар имаше контрола над играта, создаде уште неколку шанси во првото полувреме, но еден момент на невнимание скапо го чинеше. Една длабинска топка на спротивната страна дојде до Адегбенро кој му избега на својот чувар, а и на голманот Гачевски, па овој беше принуден да реагира. Направи пенал кој во гол го претвори Бентнер.

Во второто полувреме изостана динамиката. Немаше многу шанси, Вардар беќе поактивен, но се задоволи со бодот кој станува историски за македонскиот фудбал.