Историски промени на АТП листата: Надал втор, Ѓоковиќ надвор од топ-3 првпат по осум години

1829

Историски промени има на најновата АТП листа објавена денеска.

Во центарот на вниманието, сосема разбирливо, се Рафаел Надал и некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Шпанецот продолжи со одличните резултати на земја и по десеттата титула на “Ролан Гарос” застана на втората позиција на АТП листата што е негов најдобар пласман од 6 октомври 2014 година. На турнирот во Париз, Надал седми пат оваа сезона стигна до финалето, а ја освои четвртата титула, сите на земја.

Најголемото разочарување е Новак Ѓоковиќ кој го продолжи слободниот пад. Српскиот ас не успеа да ја одбрани титулата освоена лани, испадна во четвртфиналето и загуби 1.640 бода. Неговите ривали Надал и Вавринка стигнаа до финалето, па двајцата го поминаа листата и сега Ѓоковиќ е четвртопласиран. Тоа значи дека тој е надвор од топ-3 првпат по 12 октомври 2009 година кога исто така бил на четвртото место.

Меѓу најдобрите десет, своите ги позиции ги променија само Марин Чилиќ и Доминик Тим.