Искри во Њујорк: Надал распука по Мареј!

2004

Првиот светски рекет Рафаел Надал остро го нападна Енди Мареј за одлуката да се откаже од УС Опен.

Не толку поради самата одлука, колку поради тајмингот на соопштување. Британецот го објави своето повлекување само неколку часа по ждрепката во која стана јасно дека Надал и Федерер се на истата страна. Тоа му е сомнително на Надал кој на синоќешната прес-конференција јавно изрази чудење.

„Малку е чудно што се откажа откако ждрепката беше направена. Тоа е тешко за разбирање, но веројатно си имал свои причини за тоа“, изјави Надал.

По неговото откажување, во Њујорк можеме да имаме “финале пред финалето” затоа што, ако нема изненадувања, Надал и Федерер би се сретнале во полуфиналето. Освен за пласман во мечот за титулата, двајцата асови ќе играат и за првото место на АТП листата.