Инцидент во финишот на трката во Скопје – повреден и еден од организаторите

935

По долга пауза, денеска во Скопје се одржуваше кружна трка, која толку му недостасуваше на нашиот главен град.

Но сепак, трките поминаа во знак на инцидентот кој се случи денеска, каде возачот Бркиќ имал неисконтролирана брзина, па со својот автомобил кој го управива Хонда Сивик, излетал во околните банкини.

Организаторите на овој настан информираат дека има неколку лица повредени, и дека се однесени во ургентниот центар. Моментално трката е во прекин, и прашање е дали воопшто ќе продолжи.

Во целиот инцидент, повреден е и еден од организаторите на трката, Александар Димушевски кој исто така е во ургентниот центар во Скопје.