Инцидент во базата „Керингтон“: Двајца фудбалери на Јунајтед се судрија со автомобилите!

2435

Лук Шо е во Манчестер Јунајтед само за да прави проблеми за себе и за соиграчите.

Не само што не игра, туку се “погрижи” за судир откако со својот Рејнџ Ровер вреден 100 илјади фунти удри во Бентлито од 200 илјади фунти на Фил Џонс. Инцидентот се случил во базата на Манчестер Јунајтед – “Керингтон”.

Лук Шо има возачка дозвола околу една година и изгледа дека уште не е многу способен да вози. Тоа е само капак на проблемите кои ги има во Јунајтед имајќи предвид дека Жозе Мурињо не смета на неговите услуги. Оваа сезона Шо одигра само три минути и тоа во Лига купот, па најверојатно ќе си замине во јануарскиот преоден рок.