Интер го засилува средниот ред

561

Интер е пред заклучување на трансферот за Борха Вaлеро кој би го чинел клубот 5 милиони евра, иако Фиорентина и натаму тврди дека фудбалерот ќе остане во нејзините редови.

Играчот од средниот ред беше желба на Лучијано Спалети додека беше уште во Рома, па сега новиот тренер на Интер е решен да го донесе во редовите на “нероаѕурите“.

Според италијанските медиуми Шпанецот е расположен за преселба во Интер, кој доклку испрати малку побогата понуда би можел да го смени тврдокорниот став на “виолетовите“ околу заминувањето на Валеро од Фиренца.