Импресиите на Дибирова и Лакрабер по победата во Будимпешта

330

Ракометарките на ЖРК Вардар се единствената екипа во женската ЛШ каде немаат пораз, односно потполн ефект по пет кола, пет победи.

Вардарки беа поуспешни и од Будимпешта на гостувањето со резултат 29:28, и тој резултат ги остава Вардарки на првата позиција.

По натпреварот, Лакрабер и Дибирова ги дадоа своите импресии за медиумите.

Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостатсуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситацијата. Девојките одиграа добро кога требаше. Мораме да работиме на што помалку грешки во играта. Сега се фокусираме на следниот меч со Турингер“, истакна тренерот Дибирова.

Го надигравме ФТЦ на гостински терен. Игравме без Лекиќ, но одбраната беше навистина добра. Затоа и ни беше полесно да водиме во текот на средбата. Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри“, се надобрза и Лакрабер.