Импресивна статистика на Луис Суарез во дресот на Барселона

320

Фудбалерите на Барселона синоќа се пласираа во четвртфиналето од Кралскиот Куп со победата над Атлетик Билбао.

Каталонската екипа славеше со 3:1 на домашен терен во реваншот од осминафиналето и со тоа успеа да го надомести недостатокот од првиот меч (2:1). Барселона до предност дојде во 36. минута кога Луис Суарез постигна феноменален гол.

За Уругваецот ова беше веќе 100. гол во дресот на каталонската екипа, а досега одигра 120 натпревари за овој тим. Овој рекорд е навистина импресивен со оглед на тоа дека Суарез на „Камп Ноу“ пристигна во летото 2014. година.