Изненадување за фановите: Ана Ивановиќ се враќа во спортот, но не во тенисот

934

Поранешната освојувачка на “Ролан Гарос”, Ана Ивановиќ пред крајот на 2016 година го објави своето пензионирање од тенисот, но сега потврди дека не планира перманентно да се раздели од спортот.

Србинката и по завршувањето на тениската кариера продолжува со секојдневно одржување на телото, а за тамошните медиуми објави дека има интересни планови.

“Сакам да останам здрава затоа и натаму се придржувам кон одреден стил на живот кој го овозможува тоа. Трчам секој ден и сериозно размислувам наскоро да истрчам полумаратон”, изјави Ивановиќ.

Полумаратонот се трча во должина од 21 километар и последните години е застапен на големите маратони низ светот.