Измислен роденденот на највисокиот НБА играч, Бол кариерата ја завршил на 50 години?

464

Највисокиот играч кој што играл во НБА лигата Мануте Бол (231cm), според официјалните податоци тој кариерата ја завршил на 32.години, но постојат индиции дека славниот Суданец би можел да биде и многу постар во моментот на повлекување од терените.

Како што вели поранешниот тренер на Кливленд, Кевин Макји, легендарниот Бол можеби имал 50 години во моментот кога одлучил да престане со професионалната кариера.

„Сите врати во спортот се отворени кога имаш 19 години а сите врати се затворени кога имаш 35 години. Тој веројатно имал 40-50 години кога играше во НБА. Јас му дадов датум на раѓање бидејќи никој не знаеше колку години навистина имаше. Мислам дека беше навлезен во четвртата деценија од животот. И самиот тој не знаеше точно колку години има, а момчето со кој тој дојде исто така не знаеш колку години има. Тоа никој не го знаеше“- рече Макји, кој Бол го запознал на Универзитетот Бриџпорт.

 

Мануте Бол во 1985 година беше 31.пик на Вашингтон на НБА драфтот, а во најсилната лига во светот играше уште за Голден Стејт, Филаделфија и Мајами.