Извлечени двојките и во Лигата на Европа – На Јунајтед му се отвора патот кон трофејот и ЛШ

14925

Денеска во Нион беа извлечени и паровите за полуфиналето од Лигата на Европа.

Екипата на Манчестер Јунајтед, која важи за фаворит за освојување на второто по квалитет натпреварување во Европа, ќе патува во Шпанија каде ќе се соочи со Селта Виго, објективно најслабиот тим во оваа фаза од натпреварувањето.

Сепак, треба да се земе предвид дека Јунајтед би можел да биде ослабен во финишот од сезоната, бидејќи се очекуваат информациите за повредите на Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо.

Вториот пар го сочинуваат екипите на Ајакс и Лион.

Првите полуфинални натпревари се играат на 4. мај, а реваншите се седум дена подоцна.

Големото финале е закажано за 24 мај во Стокхолм, а победникот во Лигата на Европа ќе добие директен пласман во Лигата на шампионите идната сезона.