Извлечени двојките за полуфиналето од Купот: Спектакл во најава – Дуел на „Милионерите“ за големото финале!

493

Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот” на ФФМ без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија.

Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер.

Битката на титаните, или на „милионерите“ со оглед на буџетот кој го имаат на располагање, Шкендија – Вардар, со сигурност ќе биде и повеќе од атрактивен за фудбалските вљубеници во Македонија.

Актуелниот шампион против актуелниот освојувач на куп-трофејот во битка за големото финале и спектакл во најава кој одамна се нема случено во фудбалска Македонија.

Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14.00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин.

Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија:

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР