Извештајот на УЕФА вели: Ајтекин го оштети ПСЖ на „Ноу Камп“?!

22419

Претставниците на Судиската комисија на УЕФА се незадоволни од судењето на Денис Ајтекин на дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ во реванш осминафиналната пресметка од ЛШ, наведува „Марка“.

Шпанскиот весник најавува дека во блиска иднина ќе биде објавен извештајот за судењето на Ајтекин и неговите помошници на „Ноу Камп“. Високиот офицер на УЕФА задолжеб за судењетом Пјерлуиџи Колин, додава Марка, го критикувал германскиот арбитар за таквото делење на правдата во Барселона. Напоменува дека одлуките околу пеналите се дискутабилни, исто така и фаулот на Маскерано над Ди Мариа, кога Германецот не покажа на белата точка во корист на Парижаните.

Како санкција за (не) направеното на „Ноу Камп“, се претпоставува дека Ајтекин и неговата екипа ќе завршат со судење оваа сезона во рамките на ЛШ.

loading...