Избегната сензација: Металург водеше со +11, па на крај спасуваше победа

1257

Македонскиот ракометен вице-шампион ја прекина црната низа од шест последователни порази откако вечерва во крајно драматичен натпревар славеше над Татран Прешов.

Избраниците на Александар Јовиќ безмалку 50 минути буквално го газе противникот од Словачка, а во 47. минута имаа и +11 (28-17). Но во последните десет минути Татран Прешов направи неверојатна серија, па за малку Металург од готов ќе си направеше вересија.

Гостинскиот играч Буторац последователно на крајот даде три гола, па разликата падна на само еден гол, но за среќа Металург славеше (31-30).

Јагањац со 9 гола беше најефикасен кај Металург во чии редови по пет гола дадоа Пешевски, Кузмановски и Токиќ.