Избега од репрезентацијата, а сега ќе ги гледа соиграчите на Мундијалот во Русија на ТВ

1750

Пред четири години младиот исландски фудбалер Арон Јохансон мислеше дека ја донесе вистинската одлука за неговата кариера кога реши да ја напушти матичната земја и да го облече дресот на САД.

Имаше 22 години и десетина настапи за националниот тим на Исланд до 21 година, а во 2012.година доби повик во сениорскиот тим за квалификаците за СП во Бразил 2014.година. Поради повреда не можеше да одговори на повикот, а неколку месеци подоцна кога Јирген Клинсман го контактираше и му понуди да игра за САД даде потврден одговор.

Јохансон подоцна призна дека не верувал во успех на исландската фудбалска селекција и дека шансите за настап на СП му се поголеми со САД. Нормално во сопствената земја беше трениран како предавник, но во тоа време никој не се надеваше на фантатсичниот успех на фудбалскиот тим.

Јохансон е роден во 1990.година во сојузната американска држава Алабама со што имаше право на државјанство, а со тоа и настап за фудбалската селекција. Тој фудбалската кариера ја започна во исландскиот тим Фјолнир, па потоа на 20 години замина во дански Архус, а во 2013.година се пресели во Аз Алкмар каде имаше фантастичен успех со што го заслужи трансферот во Вердер Бремен.

Токму кога ја донесе одлуката да не игра за Исланд туку за САД, фудбалската селекција на оваа мала европска држава се избори за плеј-оф на СП, во кој беше елиминирана од Хрватска. Во меѓувреме Јохансон настапи на мундијалот во Бразил со Американците каде даде и еден гол.

Четири години подоцна Исланд одигра фантастични мундијалски квалификации и обезбеди директен пласман на планетарниот собир во Русија, а САД за прв пат по 32 години и 8 последователни учества нема да бидат дел од престижниот настан.

Пред натпреварите од последното коло фудбалерот имаше објава на Инстаграм:

“Многу сум горд и среќен за успехот на Исланд, ако се помине како што треба се гледаме со моите пријатели од оваа држава на СП“.

Со оглед на тоа дека неговиот САД загуби од Тринидад и Тобаго и не се пласираше на СП, тој настанот ќе го гледа на телевизија, доколку не си обезбеди карти за на трибините.