Идниот противник на Вардар во Европа лига ги откажа подготовките во Дубаи поради навивачите

529

Следниот противник на Вардар во Европа лига, тимот на Розенборг само еден ден откако го објави планот за подготовки во Дубаи, се откажа од намерите, а причините се навивачите.

Фановите на норвежаните жестоко негодуваа и повика на бојкот на натпреварите на клубот, како и да не се вадат сезонски карти, ако не се откажат зимските подготовки во Дубаи.

Причината ваквата реакција на навивачите се должи на тоа што се повикуваат на мислењето дека во ОАЕ не се почитуваат основните човекови права.

Розенборг денес излезе со соопштени во кое се вели дека поради технички причини, клубо зимово формата нема да ја темпира според првичниот план во Дубаи, па во следниот период ќе објави која ќе биде следната дестинација.