Игуаин ја отвори душата и прокоментира за Де Лаурентис

959

Гонзало Игуаин и понатаму е главна тема во италијанските медиуми. Аргентинецот го сруши својот поранешен клуб пред неколку дена, со тоа што им даде гол со кој неговиот Јувентус го доби натпреварот, кој ја намали разликата на табелата.

Аргентинецот се уште неможе да го „свари“ мислењето за него, каде сите мислеа и пишуваа дека тој е дебел и дека нема да му одговара на Јувентус, а сепак постигнуваше голема бројка на голови.

Заминувањето во Јувентус не беше лесна одлука, но среќен сум и горд бидејки сум во овој клуб. Буфон ми рече дека сум одраз на екипата на Јувентус, и дека лично мене ќе ме посочи кај тренерот Алегри и останатите играчи, да видат останатите како е кога се борите за вашиот тим. Доколку не играм добро, соиграчите ќе ме критикуваат, не поради тоа што се чувствувам лошо, туку дека треба да испливам од кризата и да играм подобро“.

Игуаин се осврна и на неговиот поранешен пријател од Наполи, претседателот на тој клуб.

„Ми зборуваше дека сум доста мрзлив на теренот. Сакаше да постигнувам голови како Меси и Роналдо, иако постигнав 36 голови“, порача Игуаин.