Играчот од средниот ред на Челзи, Марко ван Гинкел, оди како позајмица во ПСВ

813

24-годишниот фудбалер кој прв пат дојде во Челзи од Витезе во 2013 година со трансфер вреден 8 милиони фунти, се враќа во холандскиот клуб.

Во изјавата на веб страната на ПСВ се вели: “ПСВ и Челзи постигнаа договор за трансфер на Марко ван Гинкел”.

Тоа е договор за позајмица за една сезона. ПСВ ќе го пречека играчот од средниот ред во Швајцарија, каде што ќе се приклучи на тренинг кампот. Ван Гинкел се бореше за влез во првиот тим на Стемфорд Бриџ откако пристигна од Витезе и успеа да настапи само четири пати за клубот.

Холандскиот интернационалец беше позајмен во Милан и Стоук во текот на првите две години во Челзи, а последните две сезони ги помина како позајмица на Филипс стадионот.

Гинкел постигна седум гола во 15 настапи, а ПСВ го освои третото место минатата сезона.