Играчите на Скендербеу ја подгреваат атмосферата пред дуелот со Партизан: Знаеме што правеа Србите на Косово

416

Фудбалерот на албанскиот клуб Скендербеу и репрезентативец на Косово Бајрам Јашаница ја подгрева атмосферата пред натпреварот против Партизан во Лигата на Европа следниот четврток.

Јашаница кој е роден во близина на Приштина, порача дека натпреварот против Партизан ќе биде посебен за сите Албанци поради сето она што се случувало за време на војната на Косово и Метохија.

„Пред Партизан имаме натпревар во првенството и мораме да размислуваме само за тоа. Сепак, се уште се сеќаваме што правеа Србите на Косово. Нормално е дека тоа ќе биде посебен меч за нас“, изјави Јашаница за албанските медиуми.

27-годишниот дефанзивец верува дека неговиот тим има шанси да мине во нокаут фазата од Лигата на Европа покрај Партизан, Динамо Киев и Јанг Бојс.

„Во одличен момент сме, веројатно најдобар. Се надевам дека повредите ќе не избегнат и дека далеку ќе стигнеме во Европа“, заклучи амбициозниот Јашаница.

Натпреварот од 3. коло во Б групата од Лигата на Европа помеѓу Скендербеу и Партизан се игра во четврток во Елбасан.