Игокеа не се шегува, доведе уште еден НБА играч

496

Кошаркарскиот шампион на Босна и Херцеговина сезонав потврди уште еднаш дека не се шегува, па откако остана без првата ѕвезда, екс НБА играчот, Дорелт Рајт, веднаш најде негова замена.

Повторно, ни помалку ни повеќе, новото засилување за тимот од Лакташи е исто така поранешен НБА играч. Станува збор за 27-годишниот бек Малколм Ли кој може да игра на позициите плејмејкер и бек шутер

Во 2011 година на НБА драфтот беше избран за 42. пик од стран на Чикаго, но веднаш беше пратен во Минесота во размената за Никола Миротиќ. Со тимот на Минестоа потпиша тригодишенд договор, но повредите го спречија да го покаже целиот свој талент. Покрај за Минесота, има играно и за Филаделфија.

Потоа играше во Порторико, а минатата сезона во Турција за тимот на Трабзонспор.