ИААФ ги објави кандидатите за најдобар атлетичар и атлетичарка

246

Меѓународната атлетска федерација ги објави имињата на кандидатите за најдобар атлетичар на годината. За прв пат по подого време го нема Усаин Болт. Јамајканецот се збогуваше со атлетиката неславно по СП во Лондон ова лето, а во негово отсуство номинирани се 10 атлетичари.

За наградата ќе се борат: Мутаз Еса Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (кладиво), Мо Фарах (5 000 и 10 000 метри), Сем Кендрикс (скок со стап), Илајџа Манагои (1 500 метри), Луво Манјонг (скок во далечина), Омар Маклеод (110 со препони), Кристијан Тејлор (троскок), Вејд ван Никерк (400 метри) и Јоханес Фетер (копје).

Во женска конкуренција за најдобра атлетичарка конкурираат: Алмаз Ајана(5000 и 10 000 метри), Анита Влодарчик (кладиво), Бритни Рис (скок во далечина), марија ласицкене (скок во височина), Хелен Обри (5000 метри), Сали Пирсон (110 метри со пречки), Сандра Перковиќ (диск), Кастер Семења (8000 метри), Екатерини Стефаниди (скок со стап) и Нафисату Тијам (седмобој).

Прогласувањето на најдобрите е закажано за 24.ноември.