Земјотрес во Партизан: Ѓикиќ си оди, на негово место доаѓа играчката легенда

1549

Поранешниот македонски кошаркарски селектор Александар Ѓикиќ ќе го напушти Партизан на крајот од актуелната сезона.

Причина за тоа е кавгата со Новица Величковиќ на мечот од првото коло во Српската кошаркарска лига против Вршац. Капитенот е казнет поради тоа и можно е вечерва да не настапи во големото дерби против Црвена Звезда, а конечната судбина на Ѓикиќ ќе се знае на крајот од сезоната.

Наводно, познат е и неговиот наследник, а тоа е легендата на Партизан, Душан Кецман кој долги години беше дел од најдобриот тим не само во Србија, туку и на Балканот. Засега нема официјална потврда од раководството на клубот, но јасно е дека Ѓикиќ ќе биде под огромен притисок во завршницата од српското првенство.