Земјотрес во боксот: Џошуа мора да се откаже од шампионскиот појас

9146

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе мора да се откажа од светската титула во ИБФ верзијата поради една клаузула од договорот.

Во саботата, тој стана светски првак во тешка категорија во верзиите ВБА, ИБФ и ИБО откако го совлада Владимир Кличко со нокаут во 11. рунда. Веднаш по мечот, двајцата боксери изјавија дека би сакале и реванш за работите да бидат почисти.

Токму тука настана најголемиот проблем. Во договорот меѓу Џошуа и ИБФ стои дека Британецот има обврска титулата да ја брани против предизвикувачот Кубрат Пулев од Бугарија. Ако Џошуа остане на својата одлука повторно да се сретне со Кличко, ќе мора да го предаде појасот, исто како што Тајсон Фјури мораше кога го порази Кличко и договори реванш со него.