Зборови вредни титула: Познато е како Зидан ги мотивирал играчите против Јуве

1543

Можеби дојде како замена и без големи очекувања од него, но Зинедин Зидан покажа дека одлично си ја знае работата.

За само 17 месеци, со Реал освои две титули во Лигата на шампионите и по една во Ла Лига, Супер купот на Европа и Светското клупско првенство. Иако работи двојно помалку од него, Зидан уште сега има повеќе трофеи од Мурињо во периодот кога беше тренер на Реал.

Последен во низата е трофејот во Лигата на шампионите. На полувреме од финалниот меч против Јувентус во саботата, резултатот беше 1-1, но познато е како Зидан успеал да ги мотивира играчоте пред да се вратат на теренот и да го прегазат големиот ривал.

“Дојдовте овде, уживајте. Најдобри сте и мора да победите. Првото полувреме беше добро, но морате да поправите некои работи. Бидете поагресивни и не им дозволувајте да играат лесно како во првото полувреме”, им рекол Зидан на фудбалерите.

Голем дел од нив признаа дека говорот на тренерот ги мотивирал да дојдат до големата победа во Кардиф.