За старт на производство Elio Motors бара 376 милиони долари

155

Поради проблемите со финансирањето под знак прашање е излегувањето на прототипот, односно стартот на сериското производство.

Од Elio Motors, објавија дека им се потребни околу 376 милиони американски долари за старт на производството на нивниот најавен автомобил со три тркала.

Со спомнатата сума би можеле да ги финансираат: завршувањето на прототипот, тестирањето и почетокот на производството, ако најдат финасиери, веруваат дека производството би можело да стартува за 76 недели.

Компанијата Elio Motors e во големи финансиски проблеми, па така минатата година регистрираа, за нив „дебел“, минус од 52 милиони долари.

Нивниот автомобил со три тркала доцни со појавување на пазарот, а иницијално планираната цена од нешто над 6000 долари, по новите пресметки, „скокна“ на 7,500 долари.

loading...