За него нема граници, Федерер најави дека и догодина ќе ја брани титулата на Вимблдон!

549

Роџер Федерер изјави дека има намера и следнот лето да биде дел од Вимблдон. Швајцарецот кој за седум месеци освои два Грен слем торфеи, по пауза од пет години без триумф на ниту еден од четирите големи турнири, им порача на помладите тенисери дека ќе мора да го сменат стилот на игра за да ја запрат доминацијата на поискусните.

Сакам да уживам цела година во тоа што го освоив во 2017-та, Австралија Опен и Вимблдон. Немам поставен цел околу бројот на освоени Грен слем титули, бев задоволен и со оние 17, секако дека бев посреќен по 18-та, а сека сум и повеќе од само среќен откако го освоив 19-тиот трофеј“- истакна 36-годишниот тенисер.