За Милан нема граници, ако го донесовме Бонучи, зошто не и Обамејанг, Мората или Белоти!

2388

Милан сака ова лето во клубот да ги донесе уште и  Пјер-Емерик Обамејанг, Андреа Белоти или Алваро Мората, објави извршниот директор Марко Фасоне.Милан навистина е ангажиран ова лето, последно засилување на Сан Сиро е Лукас Биља, кој е верувале или не 10-тиот трансфер за росоњерите, а пред него стигна Леонардо Бонучи еден од главните дефанзивци на Јувентус.

Андре Силва веќе е донесен од Порто за да го засили нападот, но амбициите на Милан  растат и очекувано е во клубот да се носат нови големи имиња.

Би сакале да имаме барем еден од споменатите Белоти, Мората или Обамејанг. Ќе видиме кој на крајот ќе биде нашиот избор. Јасно е дека сеуште размислуваме и ги разгледуваме опциите за таа позиција. За среќа, сега сме во Кина и можеме да разговараме со сопствениците за да ги дефинираме нашите позиции“-  изјави спортскиот директор Масимилиано Мирабели.

Членот на Реал Мадрид, Алваро Мората беше опција за Манчестер Јунајтед, но преговорите прекинаа, по ангажманот на Ромелу Лукаку. Пјер Емерик Обамејанг е во последно време поврзуван со преселба во Кина, откако  Челси, не дејствуваше брзо, додека напаѓач на Торино, Андреа Белоти, доспеа во центарот на вниманието откако минатата сезона, постигна 26 голови во Серија А.