Заштитата на Ф1 возачите која ја предложи ФИА, ќе има своја премиера во Силверстоун

718

Заштитата за возачите во кокпитот, која ја дизајнираше ФИА пред извесен период, ќе има своја претстава и премиера во јули годинава, кога ќе се вози ГН на Британија, на трката во Силверстоун.

Фиа ја стартуваше оваа идеја со штитот, како алтернатива за својата прва верзија која што ја нарече „Halo“, кој наиде на критики, а подоцна и официјално беше отфрлена и од возачите.

Со оглед на тоа дека штитот ќе биде поставен на повеќе тестови и анализи, многумина се спекптици дека Фиа ќе успее ова официјално да го стави во употреба од почетокот на следната сезона.

Овој вид на заштита е креиран со цел да ја подобри безбедноста на возачите кои секогаш се во опасност при излетување од патеките.

Но главната причина за отварање на безбедносните причини, беше смртта на Жил Бјанки, и потоа на Џастин Вилсон во Индикар.

Првиот тим кој ќе тестира и ќе собира податоци за Фиа, ќе биде Ферари.