Затоа е контроверзен – Џиџи Бекали го остави нашиот Георгиевски без 100.000 евра

1939

Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Георгиевски кој во период од 2012 до 2014 година го носеше дресот на Стеауа, преку романските медиуми го обвини газдата на клубот, контроверзниот Џиџи Бекал за фалсификат.

“Не сакам да зборувам за такви работи воопшто, но загубив огромна сума, тоа е 100.000 евра и никогаш нема да ги видам тие парите”, изја Георгиевски.

Нашиот интернационалец не сакаше да говори премногу и до открие на кој начин бил измамен, но ако се знае каков глас го бие газдата на Стеауа, не е за изненадување.

Инаку Георгиевски веќе три сезони игра во Австралија, а сезонава од редовите на Мелбурн Викторија се пресели во Њукасл Џетс.