Заре Марковски повторно во Турција

468

По долгогодишна пауза, Заре Марковски повторно ќе работи во турското кошаркарско првенство.

Трабзон е екипата која од следната сезона ќе ја предводи македонскиот стратег. Доколку се навратиме назад низ историјата, ќе видиме дека екс селекторот на Македонија, беше тренер на Дарушафака.

Во Дарушафака Марковски работеше во периодот од 1998 до 2000 година, подоцна ги водеше уште и екипите на Олимпиа Милано, Лимож, Венеција, а последно тренер беше во Јувекасерта Баскет.