Заработуваат на несреќата на Шумахер: Видеа од несреќата на Михаел испливаа на Youtube

1765

Иако околу здравствената ситуација за Михаел Шумахер скоро и да не се знае ништо, се случуваат многу нечовечки работи во позадина, далеку зад очите на јавноста.

Имено, на Youtube, деновиве биле аплоудирани видео снимки од наводниот пад на Михаел Шумахер, и видео од камерата која беше поставена на кацигата на Михаел Шумахер.

Со таквиот потег, сопствениците на тие видео материјали стекнале одредени бројки кои подоцна ги наплатиле од спонзори, а видеата биле веднаш потоа избришани од самиот канал кој ги поставил, па се очекувало наскоро и да се дознаат луѓето кои се обиделе на несреќниот Михаел Шумахер да направат пари.

Шумахер се уште се опоравува од тешката повреда, која ја заработи скијајки на француските алпи.