Започнува загревањето за СП во фудбал, Купот на конфедерации

443

Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и селекцијата на Нов Зеланд денеска (17:00) започнува Купот на конфедерации или натпреврувањето кое служи како најава за Светското првенство во фудбал, овој пат за она кое следниот јуни (2018.година) ќе се одржи токму во Русија.

Освен домаќинот на овој настан, учество ќе земат и светскиот првак Германија (FIFA), европскиот шампион Португалија (UEFA), потоа Австралија која е победник од квалификаците во Азија (AFC), селекцијата на Чиле која славеше на Копа Америка(CONMEBOL), Мексико кој триумфираше на Купот на Северна и Централна Америка и Кариби (CONCACAF), Камерун кој е најдобриот од Купот на африкански нации(CAF) и Нов Зеланд кој го освои Купот на Океанија(OFC).

Ова натпреврување предизвика многу полемики изминатиот период, па во прашање беше доведена и смислата на неговото постоење, бидејќи додатно го оптеретува и онака  згуснатиот распоред.

Голем дел од селекциите кои учествваат не настапуваат во својот најсилен состав бидејќи натпреверувањето се одржува во време кога најголемиот дел од фудбалерите ги користат годишните одмори и земаат здив по крајот на напорната сезона и пред почетокот на подготовките за новата.

Интересно е тоа што досега ниту еден победник од Купот на конфедерации, следната година не ја освоил титулата на Светското првенство во фудбал.